Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ посочува на аспекти што, според него, ја поништуваат позицијата на Владата на Македонија дека не разговара за идентитетски прашања
Првиот аспект од заклучоците е дека, за разлика од тоа како не лажеше СДСМ, Бугарија не е сама во блокирањето, односно постигнат е консензус на ниво на земјите членки со кои што не се овозможува отворање на преговорите односно отпочнување на првата меѓувладина конференција, оцени Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“ на Телма.
Како втор аспект Андоновски го посочи тоа што билатерални прашања меѓу нашата земја и Бугарија се ставени сега како услов за почнување на преговори со ЕУ, а потоа и за отворање на секое поглавје поединечно.
Вториот аспект е аспектот на историјата кој се става во рамки на заклучоците, односно во рамки на проширувањето и тука, за жал, не би бил голем оптимист дека Бугарија не би имала таква можност. Таа можност и е дадена на Бугарија со Договорот за добрососедство, со кој тие билатерални прашања се ставени сега да бидат услов за почнување на преговори, а потоа за отоврање на секое поглавје поединечно. Тука мислам дека е многу жален обидот денеска на министерката Царовска историските прашања, како национална програма за национална историја, да бидат трганти, односно предметот историја биде тргнат за учениците како предмет“,
рече Андоновски.
Третиот аспект, според него, е тоа што македонскиот јазик е споменат во делот на Фронтекс, односно денеска не е поминат договорот помеѓу Македонија и Европската Унија поради проблемот што Бугарија го има со македонскиот јазик.
“Овие три аспекти, комплетно ја блокираат, поништуваат позицијата на Владата на Македонија, која велеше дека таа не разговара за идентитетски прашања, а гледаме дека токму тие идентитетски прашања со Договорот успејаа да ги вметнат да станат услов за почнување на преговори. Сметам дека непочнувањето на преговорите е сериозен ќорсокак, односно доведени сме до ѕидот и до избор да меѓу асимилација со интеграција или компетна изолација“,
оцени Андоновски.
Поврзани вести:
Софиски „24 часа“ тврди дека Данска и Холандија го поддржуваат бугарското вето за С Македонија
СДК: И Данска демантира дека го поддржува ветото на Бугарија