Во првиот круг Радев победи со разлика од околу 24 отсто

Во Бугарија денеска се одржува втор круг од претседателските избори во кој се соочуваат актуелниот шеф на државата Румен Радев и професорот Атанас Герџиков кој е поддржан од коалицијата ГЕРБ-СДС, предводена од поранешниот премиер Бојко Борисов.
Во првиот круг, Радев беше во убедливо водство пред Герџиков со околу 24 отсто од гласовите. Тој освои нешто повеќе од 49 отсто, додека противкандидатот имаше 25 отсто од освоените гласови.
Првиот круг се одржа на 14 ноември, кога паралелно бугарските граѓани гласаа и на парламентарни избори. На нив, најмногу гласови освои коалицијата „Продолжуваме со промената“ (ПП), предводена од двајцата поранешни министри Кирил Петков и Асен Василев, која веќе ги почна преговорите за формирање нова влада.