Тоа би бил рекорден број луѓе вакцинирани во еден ден од почетокот на имунизацијата на крајот на минатата година
Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска најави забрзување на вакцинацијата, со тоа што ќе се вакцинираат по 10 000 луѓе на ден, наместо сегашните 4 500 неделно и по помалку од 100 за викендите.
За ова, како што изјави бугарскиот министер за здравство Костадин Ангелов, ќе биде отворен т.н. „зелен коридор“ во болниците за непречен проток на сите оние што сакаат да се вакцинираат.
Тоа би бил рекорден број луѓе вакцинирани на ден од почетокот на имунизацијата на крајот на минатата година.
Во Бугарија вчера се регистрирани 1 086 нови случаи со ковид-19, во споредба со Грција со 1 400, Србија – 2 561 и Чешка – 10 813, држави кои имаат приближно ист број население како и Бугарија.