Нашите позиции се кристално јасни. За жал, по кој знае кој пат, Мицкоски е генератор на лажни вести, вели специјалниот пратеник на Владата за Бугарија, Владо Бучковски во изјава за порталот локално.мк за обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека тајно се преговара со техничката бугарска влада, за да се внесе Декларацијата усвоена во бугарскиот парламент во 2019 година, во рамката за преговори со ЕУ.
Бучковски во таа смисла посочува на изјавите на премиерот Заев и на вицепремиерот Никола Димитров.
„Навистина очекувам да се помогне во ова, наместо да се блокира. Но, не е ништо ново. Во последните четири години од ВМРО-ДПМНЕ освен блокади, освен кочници, освен правење опструкции на важните процеси коишто ја гарантираат македонската иднина и во нашите интеграции и во делот на економскиот стандард и економските перспективи, немаме видено ништо друго“,
изјави денеска Заев, на новинарско прашање за тоа како ги оценува блокадите од опозициската партија кои почнаа денеска и ќе траат до четврток, со барање власта да откие за што преговара со Бугарија.