На шест пункта во Скопје од денеска се користат брзите антигенски тестови, соопштија од Министерството за здравство.
Овие тестови се користат за детектирање на вирусот ковид-19, а не на антителата, а резултатите се добиваат за 10-15 минути.
Дали на пацинетот ќе му се прави брз тест или ПЦР тест, одлучува матичниот лекар според алгоритам.
„Брзите тестови ги закажува матичниот лекар според претходно одреден алгоритам, а еден од критериумите е симптомите на ковид-19 да не траат подолго од 5 дена од почетокот до тестирањето. Алгоритамот за тестирање е направен според препораките на СЗО, а матичниот лекар според земената анамнеза прави проценка дали на пациентот ќе му се земе брис за ПЦР тести или за антигенски брз тест. Термините за тестирање со брзи тестови ќе одат преку Мој термин. Мора да се напомене дека и доколку брзиот тест е негативен, но симптомите сугерираат на ковид-19 тогаш матичниот лекар може да процени да направи дополнително и ПЦР тест“,
велат од Министерството за здравство.
Овие тестови моментално се користат на следните шест пункта во Скопје: поликлиника Ѓорче Петров, поликлиника Чаир, поликлиника Ченто, поликлиника Бит Пазар, поликлиника Јане Сандански и поликлиника Млин Балкан.
Од Министерството додаваат дека во иднина ќе го зголемат капацитетот на тестирање и со овие брзи, но и со ПЦР тестови на цела територија.