Бројката на лица потврдени на ковид-19 во светот надмина 120 милиони и во моментов споре дподатоците на „Ворлдометерс“ изнесува вкупно 120 306 901 случаи.
Според истиот извор, досега од оваа болест починале над 2,6 милиони луѓе во светот, а болеста ја победиле над 96,8 милиони лица.
Претходно, Светската здравствена организација информираше дека на дневно ниво се регистрираат над 400 илјад случаи глобално.
Според нивните анализи, во изминатите 24 часа во Северна и Јужна Америка потврдени се 205 572, потоа следува Европа со 176 241 и Југоисточна Азија со 31 601.
Во моментов, САД се сè уште на првото место според борјот на потврдени ковид-случаи од почетокот на пандемијата со над 30 милиони. Потоа следува Бразил со над 11,4 милиони, а веднаш потоа е Индија со потврдени 11,3 милиони ковид-случаи.