Експлозијата на југот на Иран не е поврзана со иранскиот одбранбен сектор – тврдат властите

Билансот на загинати по вчерашната експлозија на едно од најпрометните пристаништа, Раџаи, во градот Бандар Абас, се искачи на 28, а 1 140 се повредени.
Експлозијата на југот на Иран не е поврзана со иранскиот одбранбен сектор, изјави денеска портпаролот на иранската парламентарна комисија за национална безбедност и надворешна политика, Ибрахим Резаи.
Резаи рече дека во пристаништето немало воен материјал.
Тој ги отфрли шпекулациите дека експлозијата во пристаништето може да биде поврзана со неправилно ракување со цврсто гориво што се користи за ракети.
Пожарникарите досега успеале да изгаснат речиси 80 проценти од пожарот што избувнал по експлозијата.