Според податоците на „Ворлд о метер“, бројот на заболени од ковид-19 во светот надмина 9 милиони.
Статистиките покажуваат дека од почетокот на епидемијата па до денеска, вкупно се дијагностицирани 9 милиони и 130 илјади случаи ширум светот. Од оваа болест починале 472 илјади лица, а оздравене 4 милиони и 888 илјади лица.
На врвот на листата по број на заболени е САД со 2 милиони и 376 илјади заболени, а веднаш зад нив е Бразил со над еден милион заболени. По Бразил, следува Русија со двојно помалку дијагностицирани.
Светската здравствена организација изминативе денови соопшти дека бројот на новозаразени на глобално ниво е во просек по 100 илјади лица, што е најмногу откако почна епидемијата.