Во денешниот билтен на МЗ, главниот град влезе со 83 нови случаи или речиси половина од вкупно 168 во земјава
Бројката на активни случаи на коронавирусот во Скопје се приближува до две илјади, од вкупно 3 586 активни случаи на територијата на земјава, откако, во последното деноноќие се потврдени 168 новозаразени.
Според последната статистика на Министерството за здравство, во главниот град во овој момент има 1 928 активни случаи, од вкупно 3 656 колку што се потврдени од почетокот на епидемијата. Во денешниот билтен на МЗ, Скопје влезе и со 83 нови случаи или речиси половина од вкупно 168 во земјава. Исто така, денеска повеќе од половина од оздравените – 48 се од главниот град, од вкупно 70 излекувани.
Активни случаи по општини Скопје денеска :
• Чаир – 360
• Аеродром – 166
• Бутел – 156
• Гази Баба – 210
• Центар – 156
• Карпош – 153
• Сарај – 140
• Кисела Вода – 114
• Ѓорче Петров – 111
• Студеничани – 121
• Шуто Оризари – 89
• Арачиново – 46
• Илинден – 34
• Петровец – 18
• Чучер Сандево – 18
• Сопиште – 7
• Зелениково- 13
• Странец – 5
• Нераспределен- 11