Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска соопшти дека Србија доцна синоќа испратила 13 000 дози вакцини „спутник В“ во Северна Македонија.
Овие количини од вакцината „спутник В“ се дел од контингентот од 20 000 вакцини од компонентата два, кои се наменети за ревакцинација.
„Не можеме да се вратиме во нормален живот ако сите други не се вратат. Тоа е инвестиција во заедничката сигурност и безбедност“,
оцени Брнабиќ.
На почетокот април од Србија пристигнаа 20 000 вакцини „спутник В“ наменети за првата вакцинација, на што потсети и Брнабиќ, која додаде дека Србија има доволно вакцини и ако е потребно ќе продолжи да биде отворена за поддршка на пријателите и партнерите во регионот.
