Мандатарката за нова влада на Србија Ана Брнабиќ изјави денеска дека верува оти владата ќе биде формирана во септември, но откри и дека постои договор по неа на таа позиција да дојде Милош Вучевиќ.
Новата влада се очекува да биде на чело со државата до 2024 година, кога Србија најверојатно ќе оди на нови избори, пишува Нова.рс.
Без разлика дали ќе има избори или не, според Брнабиќ, постои договор од 2024 година на позицијата премиер да дојде Милош Вучевиќ, актуелен градоначалник на Нови Сад, кој беше втор избор на претседателот Александар Вучиќ за мандатар.
„Тоа е договор. Јас сфаќам дека тоа беше тешка одлуа. И мене да ме прашавте и ние разговаравме отворено и искрено. И претседателот и јас на само, и Милош и претседателот на само и ние тројца заедно и клучните луѓе во СНС. Навистина одлуката беше тешка. Мислам дека пресудна работа беше тоа што времињата се кризни. На Милош му треба уште време за да учи и учи. И на мене ми требаше време да научам од 2017 година. Милош сега е на една од клучните позиции во владата и тој ќе донесе голема енергија,“
изјави Брнабиќ за ТВ Прва.
Според Брнабиќ, Вучиќ донел вистинска одлука и тоа е клучна работа во овие кризни времиња.