Сунак вети дека ќе ги намали долгите листи на чекање во јавниот здравствен систем
Британскиот премиер Риши Сунак вети двојно намалување на инфлацијата и справување со кризата во здравствениот систем, како и со илегалната имиграција.
„Годинава ќе ја преполовиме инфлацијата за да го намалиме притисокот врз трошоците за живот. Ќе ја зголемиме економијата и ќе создадеме подобро платени работни места и подобри можности низ целата земја“,
рече Сунак, конзервативниот лидер кој дојде на власт во октомври.
Во својот прв говор годинава, британскиот премиер вети и намалување на долгот на земјата, кој порасна од средината на 2021 година под влијание на инфлацијата, која изнесува речиси 11 отсто.
Сунак, исто така, вети дека ќе ги намали долгите листи на чекање во јавниот здравствен систем, целосно совладан по повеќе од десет години штедење и пандемијата на корона вирусот.
Британскиот премиер се обврза, како што и претходно најави, да донесе „нови закони“ за илегалната имиграција.