Од друга страна, по руското признавање на украинските сепаратистички региони Луганск и Донецк како независни држави, украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека ќе разговара со турскиот колега Реџеп Таип Ердоган
Јасно е, рускиот претседател Владимир Путин е решен да го нападне суверенитетот на Украина, инвазијата веќе започна, смета министерот за здравство на Велика Британија, Саџид Џавид.
„Се будиме во еден многу мрачен ден за Европа, од тоа што веќе го видовме и разбравме денеска, јасно е, дека Русите, претседателот Путин, се решени да ги нападнат суверениетот на Украина и нејзиниот територијален интегритет“,
изјави министерот за „Скај њуз“.
Според него, по признавањето на украинските региони, Путин испратил тенкови и војници на терен.
„Со тоа може да се заклучи дека инвазијата е започната“,
смета Џавид.
Џавид нагласи дека британскиот премиер Борис Џонсон денеска ќе му се обрати на Парламентот во врска со ситуацијата во Украина.
Од друга страна, по руското признавање на украинските сепаратистички региони Луганск и Донецк како независни држави, украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека ќе разговара со турскиот колега Реџеп Таип Ердоган, како и со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.