Повеќе од еден месец, бројот на пациенти се зголемува, но нема многу смртни случаи, а научниците тоа го објаснуваат со вакцинацијата, која ги ослабела последиците од инфекцијата
Во Велика Британија евидентирани се 26 068 нови случаи на заразени со ковид-19 што е највисок број од 29 јануари, како и 14 смртни случаи.
Повеќе од еден месец, бројот на пациенти се зголемува, но нема многу смртни случаи, а научниците тоа го објаснуваат со вакцинацијата, која ги ослабела последиците од инфекцијата.
Претходниот ден, Велика Британија регистрираше 20 479 случаи.
Досега првата доза досега во Британија ја примиле 84,9 проценти од возрасните, а 62,4 проценти од граѓаните се вакцинирани со двете дози на вакцина против ковид-19.
Поради порастот на заразени што се должи главно на делта-сојот, Британија за еден месец го одложи укинувањето на рестрикциите кое треба да се случи на 21 јуни.
Поради состојбата во Британија, Германија воведе карантин за патниците што доаѓаат од островот, а канцеларката Ангела Меркел тоа го побара и од другите европски земји.