Ова е вторпат Болсонаро да биде позитивен на ковид откако во март весникот „Гардијан“ објави дека бразилскиот претседател е заразен со ковид-19
Бразилската асоцијација на медиуми има намера да поднесе тужба против претседателот Жаир Болсонаро, затоа што ги стави новинарите во опасност од заразување со коронавирус за време на прес-конференцијата вчера на која објави дека е позитивен на ковид-19.

Претседателот на здружението, Пауло Жерониму де Соуза, изјави дека претседателот ги прекршил препораките на лекарите за изолација со тоа што ги покани новинарите на прес-конференција.
„Болсонаро продолжи да дејствува на криминален начин и да ги загрозува животите на другите, иако знаеше дека е заразен со ковид-19“,
изјави де Соуза.
Претставниците на медиумите го обвинија шефот на државата за кршење на два члена од Кривичниот законик, од кои едниот за ширење заразна болест, кој предвидува казна до четири години затвор и парична казна.
Синоќа, на прес-конференција Болсонеро објави дека е позитивен на коронавирус, иако во март весникот „Гардијан“ објави дека Болсонаро е позитивен на коронавирус. Тестирањето беше направено по посетата на Палм Бич, каде што беше со американскиот претседател Доналд Трамп, а во неговата делегација се наоѓал секретарот за односи со јавност Фабио Вајнгартен, кај кого беше потврдено дека е позитивен на коронавирусот.
Пред неколку дена Болсонаро, кој важеше за еден од најголемите противници за носење маски, се појави пред резиденцијата со маска и ги предупредуваше присутните да не му се доближуваат бидејќи се тестирал за ковид-19.