Неодамнешната изјава на Борел дека „конфликтот во Украина мора да се реши на бојното поле“ беше предмет на критики во Русија
Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, изјави дека Европската Унија планира да започне мисија за обука на украинската армија во средината на октомври, а во исто време посочи дека Брисел е подготвен за дипломатско решение на конфликтот во Украина „доколку околностите го дозволат тоа“.
„На следниот состанок на шефовите за надворешни работи на ЕУ на 17 октомври, се надевам дека ќе можеме официјално да ја започнеме нашата мисија за обука на вооружените сили на Украина. Истовремено, ЕУ, како и досега, е подготвена да постигне дипломатско решение, доколку околностите дозволат тоа да се направи конструктивно“,
изјави Борел.
Претходно тој за францускиот весник „Журнал диманш“ изјави дека Украина треба да ги одреди условите за прекин на конфликтот.
Неодамнешната изјава на Борел дека „конфликтот во Украина мора да се реши на бојното поле“ беше предмет на критики во Русија. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека ЕУ наскоро ќе ја укине функцијата шеф на дипломатијата, „бидејќи ЕУ веќе практично нема своја надворешна политика, бидејќи е целосно солидарна со пристапите наметнати од САД”.