Според високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, нема пречки за пристапот на земјава во Европската Унија
Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел смета дека за пристапувањето во ЕУ, за Северна Македонија нема пречки.
Тој ова го изјавил за Бугарското национално радио, (БНР) одговарајќи на прашање кои ќе бидат следните чекори на Европската Унија ако земјава до ноември годинава не ги вклучи Бугарите во Уставот, како што е предвидено во т.н. француски предлог, за почеток на преговори за пристапување во ЕУ.

Според Борел, нема пречки за пристапот на С Македонија во Унијата.
„Северна Македонија добро напредува и од европска страна нема ништо што би го блокирало нејзиното пристапување во ЕУ. Во овој пристап строго ќе се почитуваат европските принципи и стандарди“,
изјавил високиот преставник на Унијата за Бугарското национално радио.
Борел додал дека за спроведување на пристапниот процес, голема важност и улога играат добрата соработка, меѓу кои регионалната соработка и стабилизацијата, но:
„Билатералните прашања не треба да бидат обврзувачки и нема да го одредат процесот на пристапување“,
вели Жозеп Борел.
