На дебатата „Штетното влијание на дезинформациите“, во организација на граѓанската асоцијација МОСТ, учествуваа и претседателот Стево Пендаровски и амбасадорката на САД, Кејт Брнс
Клучно во борбата против лажните вести е нивно брзо идентификување. Не смее да има простор за целосно измислени теории на заговор или очигледни лаги. Секое одговорно општество кое сака да биде демократско мора постојано да се спротивставува на дезинформациите на организиран начин, тоа не е обврска само на медиумските куќи или бизнисите да ги демантираат дезинформациите. Делумните вистини сè уште поподмолни бидејќи се проектирани да ги намамат луѓето, од кои голем дел од нив не читаат понатаму освен првата реченица пред да ги споделат.
Ова е пораката на учесниците на дебатата „Штетното влијание на дезинформациите“, во организација на граѓанската асоцијација МОСТ, меѓу кои беа и претседателот Стево Пендаровски и амбасадорката на САД, Кејт Брнс.
Во рамки на експанзијата на социјалните медиуми без преседан во историјата на човештвото се јавува еден нов сериозен предизвик и проблем, а тоа е злоупотребата на слободата на говор од јавниот дискурс, а често пати и злоупотреба на правото на приватност, рече Пендаровски.
Според него, со години на глобално ниво се познати трендовите на пораст на лажните вести и дезинформации, појавата на фабрики на „тролови“, односно лажни профили кои симулираат дебата за одредена тема, која е од корист за одредена политичка или бизнис-организација, како и недостиг на проверка на факти во содржините што се објавуваат. Последниве години, истакна тој, започнаа дебати и за влијанието на социјалните медиуми врз изборите во различни земји отворајќи го прашањето за улогата на социјалните медиуми во развојот на демократијата.
Борбата против лажните вести и дезинформации, како што рече, не е обврска само на медиумите, туку треба да биде соработка на државните институции со граѓанскиот сектор, со медиумите, со образованието, со бизнисот и да се развива свест дека технологијата треба да се користи и за јавното добро.
Американската амбасадорка Кејт Брнс оцени дека оваа дебата се случува во вистинско време, имајќи го предвид текот на настани, неминовното членство во НАТО на Северна Македонија, претстојните избори, и проблемот со коронавирусот.
Според неа, вистината не е релативна, а за фактите не се преговара.
„Можеме да дебатираме за мислења и секогаш мора да бидеме отворени и транспарентни и да имаме таков јавен дискурс. Не може да има простор за целосно измислени теории на заговор или очигледни лаги. Јавната безбедност може да биде загрозена и животите да бидат изложени на ризик. Оние кои ги користат социјалните медиуми, порака до вас – секогаш треба да биде размислете пред да кликнете и проверете пред да споделите“, рече Брнс.
Таа истакна дека друг поопасен вид дезинформации се делумните вистини, посочувајќи дека тие се особено подмолни бидејќи се проектирани да ги намамат луѓето, од кои голем дел од нив не читаат понатаму освен првата реченица пред да ги споделат.
„Оние кои ги пренесуваат дезинформациите да нагласам – она што вие го правите е поголема штета за општеството. Немојте профитот да ви го наруши судот. Мрежите на лажни социјални медиуми се најголемиот причинител овде. Веб-портали кои промовираат дезинформации честопати финансирани надвор од земјата исто така играа улога овие дезинформации, полувистини пристрасни информации изгледаат дека се меродавни и кредибилни. Не е лесно да се утврди ваква неавтентичност, освен ако не знаеме што да бараме и имаме капацитет да го анализираме изворот на приказната“,
рече Брнс.
Според неа, друг поопасен вид дезинформации се делумните вистини, посочувајќи дека тие се особено подмолни бидејќи се проектирани да ги намамат луѓето, од кои голем дел од нив не читаат понатаму освен првата реченица пред да ги споделат.
„Кога зборуваме за скриено финансирање кое влегува во земјата преку лажни начини преку лажно рекламирање, на пример како што скоро видовме, сите треба да бидеме загрижени. Не само што потрошувачите се измамени туку кога изворите на финансирање не се транспарентни секогаш постои опасност од перење пари или други незаконски активности. Владините субјекти кои се овластени да спроведуваат прописи да издаваат лиценци се во првите редови на овие напори“,
рече Брнс.
Оцени дека јавноста треба да развие силни филтри и одбрана да знае кои извори се факти кои мислење, да одлучи на кои медиум ќе му верува, а кои треба да ги третираат поскептично.
На настанот се дискутираа различните аспекти на дезинформациите и нивното влијание на социјалните мрежи, како и недоволната свесност кај граѓаните за моќта на социјалните мрежи и штетното странско влијание.