Началникот на полицискиот округ каде што се случи нападот за Ројтерс изјавил дека во експлозијата загинале две лица, а 11 се повредени, но дека сè уште нема информации за загинати или повредени на персоналот на руската амбасада
Руските медиуми, пак, јавуваат дека во нападот се убиени двајца вработени во Амбасадата на Руската Федерација, а дека според прелиминарните податоци загинале најмалку десет лица. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека без сомнение станува збор за терористички напад
Две лица загинаа, а 11 се повредени откако бомбаш самоубиец активирал експлозив во близина на влезот на руската амбасада во Кабул. Според полицијата, кога напаѓачот се приближил до капијата, чуварите го застрелале, јавува Ројтерс.
Explosion at Russian embassy on Dar-ul-Uman street in Kabul. Reportedly some 20+ killed. pic.twitter.com/NYSmTxPATm
— Dr.Snekotron (@snekotron) September 5, 2022
„Напаѓачот самоубиец, пред да стигне до целта, беше препознаен и застрелан од чуварите (талибанци) на руската амбасада. Сè уште нема информации за жртви“,
изјави за Ројтерс Мавлави Сабир, началникот на полицискиот округ каде што се случи нападот.
Тој додаде дека сè уште нема информации за загинати или повредени на персоналот на руската амбасада.
Руските медиуми, пак, јавуваат дека во нападот се убиени двајца вработени во Амбасадата на Руската Федерација, а дека според прелиминарните податоци загинале најмалку десет лица.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека без сомнение станува збор за терористички напад.
Русија е една од ретките земји што имаа амбасада во Авганистан откако талибанците ја презедоа власта пред една година. Иако Москва официјално не ја признава талибанската влада, преговараа со авганистанските власти за договор за набавка на бензин и други стоки.