Медиумите објавија дека тој бил видно вознемирен и во солзи
Не е невообичаено при снимање да се користи вистинско огнено оружје, но обично се користат ќор-фишеци, кои произведуваат само светлина и звук, но немаат смртоносно полнење. И инцидентите како што е овој, иако се исклучително ретки, не се и непознати
Актерот Алек Болдвин, кој денеска на снимање на филмот „Rust“ во Ново Мексико ја уби директорката на фотографија и го рани режисерот, бил на разговор во полицијата како дел од истрагата за трагичниот инцидент кој ја потресе филмската индустрија.
„Дојде доброволно и ја напушти зградата откако ги заврши интервјуата“,
рече портпаролот на шерифот на Санта Фе, во изјава за новинската агенција АФП.
Медиумите објавија дека тој бил видно вознемирен и во солзи.

Халина Хачинс (42) е убиена, а режисерот Џоел Соуза (48) е повреден околу 13 часот и 50 минути по локално време на сетот од филмот што се снима во округот Санта Фе, а околностите за пукањето се испитуваат.
Пукањето се случило на средина на сцена, а полицијата повикала сведоци на разговор за да утврди како дошло до тоа двајцата да бидат застрелани.
„Како можеше ова да се случи?“,
напиша на Твитер британскиот продуцент, новинар и водител, Пирс Морган, и објави фотографии од местото на трагедијата.
BREAKING: A distraught Alec Baldwin, after he accidentally shot & killed the cinematographer on the set of his new movie, & wounded the writer-director. How on earth could this have happened?
— Piers Morgan (@piersmorgan) October 22, 2021
Pics: Jim Weber @thenewmexican pic.twitter.com/xrvcheLaCK
Истрагата треба да утврди како се случило во пиштолот да има вистински куршуми.
Ваквите инциденти се ретки, но ги има
Не е невообичаено при снимање да се користи вистинско огнено оружје, но обично се користат ќор-фишеци, кои произведуваат само светлина и звук, но немаат смртоносно полнење.
И инцидентите како што е овој, иако се исклучително ретки, но не се и непознати.

Во 1993 година, Брендон Ли – 28-годишниот син на покојната ѕвезда во боречките вештини Брус Ли – почина на снимањето откако беше случајно застрелан со пиштол за време на снимањето на сцена за филмот „Гавранот“.
Подоцна беше утврдено дека во цевката на пиштолот имало заглавено вистински куршум и кога биле испукани празните куршуми бил ослободен и убиствениот.
Во 1984 година актерот Џон-Ерик Хексум се застрела во глава со пиштол-реквизит и почина за време на снимањето на сцена каде што игра руски рулет со „магнум 0,44“ на снимањето на телевизиската серија „Cover Up“.