Синоќа во Косовска Митровица се слушнале неколку детонации, кои, како што јави јави репортерот на РТС, станале секојдневна појава. Нема информации што ги предизвикало детонациите, дали полицијата уништувала пиротехнички средства или целта била да се вознемири јавноста
Блокадите на граничните премини „Јариње“ и „Брњак“ меѓу Косово и Србија влегоа во дванаесеттиот ден.
Косовските Срби ,чии барикади се поставени во општините Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ, не отстапуваат од нивниот протест и велат дека блокадите ќе бидат отстранети кога ќе бидат ослободени поранешните припадници на косовската полиција Дејан Пантиќ, Слаѓан Трајковиќ и Миљан Аџиќ, но и кога специјалните сили на косовската полиција ќе се повлечат од северот.
Синоќа во Косовска Митровица се слушнале неколку детонации, кои, како што јави јави репортерот на РТС, станале секојдневна појава. Нема информации што ги предизвикало детонациите, дали полицијата уништувала пиротехнички средства или целта била да се вознемири јавноста.
Блокадите на косовските Срби на северот на Косово започнаа по апсењето на поранешниот припадник на косовската полиција од српска националност Дејан Пантиќ.
Пред неколку дена косовскиот премиер Албин Курти изјави дека патиштата на северот на Косово нема да може уште долго време да останат блокирани и дека приштинските власти се во редовна координација со КФОР (воената мисија на НАТО на Косово) во врска со ова прашање.