Осум од нив илегално влегле од државата, а седум се обиделе нелегално да ја преминат државната граница
Во Гевгелија, во близина на граничната линија со Грција, вчеравечер се приведени 15 мигранти, од кои три малолетници, сите од Куба, затоа што осум од нив илегално влегле од државата, а седум се обиделе нелегално да ја преминат државната граница.
Како што соопшти МВР, сите биле приведени и по целосно документирање на случајот ќе им биде поднесена соодветна пријава.
Минатата недела скопјанец беше приведен кај наплатната рампа Градско кај кого во возило беа откриени мигранти, исто така од Куба.