Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, и заменик-министерот за здравство, Арменд Арслани, ги посетија првите близначиња родени во Новата година во Скопје. Близначињата Анастасија и Габриел се прва рожба на родителите добиени по долги години чекање.
„Тие се предвреме родени една недела. Предвреме родените деца се најголемите борци. Тие се добри и во стабилна состојба“,
изјави директорката на Клиниката за гинекологија, Викторија Јовановска.
Од Град Скопје двете близначиња добија штедни книшки и играчки, а Министерството за труд и социјална политика им подари пригодни подароци, а на мајката и подари златник.