Од Стејт департментот соопштија дека Блинкен и Абас, меѓу другото, разговарале и за напорите за враќање на мирот и стабилноста на Западниот Брег
Дипломатската офанзива на американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска продолжи во палестинската територија Западен Берг, каде што оствари средба со претседателот на Палестинската управа, Махмуд Абас.
Според портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, Блинкен зборувал за хуманитарна помош во појазот Газа.
„Блинкен ја потврди посветеноста на САД за обезбедување хуманитарна помош и повторно воспоставување на основни услуги во Газа. Тој, исто така, јасно стави до знаење дека Палестинците не смеат да бидат насилно раселени“,
изјави Милер.
Од Стејт департментот соопштија дека Блинкен и Абас разговарале и за напорите за враќање на мирот и стабилноста на Западниот Брег, вклучувајќи ја и потребата да се запре „екстремистичкото насилство врз Палестинците“.
На средбата, американскиот дипломат пред Абас потенцирал дека САД остануваат посветени на унапредување на еднакви мерки на достоинство и безбедност за Палестинците и Израелците.