Во дебата на „360 Степени“, новинарката Катерина Блажевска, зборуваше за ефектот на локалните избори врз централната власт и распоредот на силите во Собранието.
– Јас мислам дека овој втор круг од локалните можеби ќе придонесе за поголеми промени во Парламентот. Јас не знам дали дуелот меѓу ДУИ и Алијансата за Албанците може на некаков начин да се одрази на односите внатре во коалицијата, но мислам дека се е поврзано како систем од сврзани садови. Мислам дека после овој изборен резултат на ВМРО-ДПМНЕ, некои членови на Парламентот од помалите етнички заедници, за кои подолг период се шушкаше, можеби ќе ја сменат страната, и можеби некои други да станат дел од владејачкото мнозинство. Така да, повеќе верувам дека дури и да се случи некаква кавга на релација АА-ДУИ тоа нема да се одрази многу, бидејќи можно е на друг начин да се прошири владејачкото мнозинство во Парлементот – рече Блажевска.
Напишете коментар