Со измените на Законот за ДДВ е предвидено е и пелетите и печките за пелети да ја загубат повластената даночна стапка од 5% и да се вратат на редовната – 18%
Владата, но и локалните власти до лани ги стимулираа граѓаните да се префрлат на греење со пелети. Некои од тие што се префрлија, сега се закануваат со протести
Владата е отворена да даде позитивно мислење – ДДВ-то за пелети да остане пет проценти. Така денеска изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, а по најавите за можни протести ако стапката на оданочување порасне на 18%.

„Пелетите се едни од огревните продукти кои ги користи населението. Како Влада сме отворени да дадеме позитивно мислење за петте проценти без разлика од каде доаѓа иницијативата“,
рече Битиќи по посетата на компанијата „Макпрогрес“.
Иницијативата за ДДВ-то да остане на пет проценти е на Здружението на потрошувачи „Солидарност“. Тие се заканија и со протести пред Министерството за финансии ако барањето не биде исполнето.
Проблемот со пелетите се појави со измените на Законот за ДДВ, со што се предвидува даночната стапка за прометот и увозот на пелети, печки на пелети и котли на пелети, од повластените пет проценти да се покачи на редовната стапка од 18 проценти. А државата, до лани, го промовираше греењето на пелети. На локално и на централно ниво се даваа и субвенции за набавка на такви печки.