Осомничениот за нападот, кој е идентификуван како Талиб А. се наоѓа на распит од кој надлежните учекуваат разјаснување на мотивите за нападот. Според обвинителот Хорст Нопенс против него се води истрага за убиство, обид за убиство и нанесување телесни повреди
Тој во март 2021 година на социјалната платформа Икс (тогаш сè уште Твитер) ги обвинил Саудиска Арабија и Саудијците во Германија дека го шпионираат, истовремено обвинувајќи ги германските власти дека не го сфаќаат сериозно и не преземаат ништо
Ужасно злосторство. Со овие зборови германскиот канцелар, Олаф Шолц го опиша нападот што вчера се случи на божиќниот базар во градот Магдебург, а чиј смртен биланс во меѓувреме се искачи на пет убиени лица и повеќе од 200 повредени.
Шолц денеска го посети местото на крвавиот настан, за кој е осомничен 50 годишен маж со потекло од Саудиска Арабија, кој влета со автомобил во преполниот со луѓе базар.
„Нема помирно и порадносно место од божиќниот базар. Каков ужасен чин е да се повредат и убијат толку многу луѓе со таква бруталност“,
пренесува „Дојче веле“ дел од изјавата на германскиот канцелар.
Повикувајќи на обедување на целата земја по ужасниот настан, Шолц им оддаде признание на службите кои први реагирале по нападот и кои, како што кажа, сречиле „полош исход“.
Германскиот канцелар, исто така, повика да се искористи села сила на законот за да се изведе напаѓачот пред лицето на правдата.
Вккупниот биланс на жртви во нападот, според надлежните власти, изнесува 205 лица, меѓу кои петтемина убиени. Од повредените 41 се наоѓаат во тешка или многу тешка состојба.
Меѓу убиените, според изјава на локален функционер што денеска ја пренесе „Гардијан“ е и деветгодишно дете, додека за останатите жртви од страна на градските власти нема дополнителни информации.
Што досега е познато за осомничениот напаѓач
За нападот на божиќниот базар е осомничен 50-годишен маж, родум од Саудиска Арабија. Уапсен е веднаш по нападот. Живеел во Германија од 2006 година и работел како доктор. Според медиумите, тој на властите не им бил познат како исламист, туку напротив, неговата активност на социјалните мрежи сугерира дека бил критичен кон исламот.
Обвинителот Хорст Нопенс, како што пренесуваат медиумите, изјавил дека против него се води истрага за убиство, обид за убиство и нанесување телесни повреди и се наоѓа на распит, од кој надлежните учекуваат разјаснување на мотивите за нападот.
Во своето известување на настанот Дојче веле пишува дека осомничениот, кој е идентификуван како Талиб А. контактирал со редакцијата пред неколку години.
Тој во март 2021 година на социјалната платформа Икс (тогаш сè упте Твитер) ги обвинил Саудиска Арабија и Саудијците во Германија дека го шпионираат, истовремено обвинувајќи ги германските власти дека не го сфаќаат сериозно и не преземаат ништо.
Во порака до Дојче веле во октомври 2023 година, тој напишал:
„Тие дури одбија да отворат истрага! Со образложение дека нема јавен интерес…Тие оставаат саудиски бегалец изложен на заплашување, надзор и прогон без да спроведат едночасовна истрага за да се добие барем прв впечаток“.
Сепак, како што наведува редакцијата на Дојче веле, многу од неговите тврдења не можеле независно да ги потврдат.
Во ноември и декември годинава тој се понудил да се појави на Дојче веле и јавно да презентира докази, но откако не добил одговор, го прекинал контактот.
Предупредување од Саудиска Арабија
Инаку, саудиски безбедносни извори денеска соопштија дека Ријад претходно испратил предупредување до Берлин во врска со осомничениот за нападот на божиќниот базар во Магдебург.
Според изворите, осомничениот бил муслиман шиит од градот Ал-Хофуф во источна Саудиска Арабија. Инаку, шиитите се малцинство во земјата и сочинуваат само околу 10 отсто од мнозински сунитската нација.
Извештаите на новинските агенции ДПА, Ројтерс и на весникот „Шпигел“ велат дека германските власти биле предупредени за осомничениот пред околу една година, но за какви предупредувања станувало збор засега останува непознато.
Според Дојче веле, германската разузнавачка служба засега одбива да ги коментира ваквите наводи.
Што се однесува до божиќниот базар, кој требало да биде отворен до 29 декември, по синоќешниот крвав настан и официјално е затворен, соопштина денеска организаторите.
Во катедралата во Магдебург вечерва започна комеморацијата за жртвите на нападот, на која меѓу присутните се германскиот канцелар Олаф Шолц, министерката за внатрешни работи Ненси Фезер и претседателот на земјата, Франк-Валтер Штајнмаер.
На видеата и фотографиите што се објавуваат голем број граѓани оставаат цвеќе, а сите фудбалски натпревари што денеска се играа во рамките на Бундес лигата почнаа со едноминутно молчече во знак на почит за жртвите.