Со измените на Законот за буџет, кои стапуваат во сила на почетокот на следната година, сите министерства, јавни претпријатија, јавно-приватни субјекти и сите друштва кои се во државна сопственост, ќе може да вработуваат без да добијат согласност од Министерството за финансии
Бесими тврди дека ова ќе доведе до индивидуална одговорност кај раководните лица бидејќи ако ги злоупотребат буџетите на институциите ќе одговараат кривично
Министерството за финансии од 1 јануари нема да дава согласност за вработување, туку раководителите на државните буџетски институции сами ќе одлучуваат за новите вработувања во согласност со годишниот финансиски план и прегледот за вработувања.
За ваквата новина за поедноставување на вработувањата во јавниот сектор денеска информираше министерот за финансии, Фатмир Бесими.

За овие измени да стапат во сила, како што кажа на денешната средба со новинарите, прво ќе треба да бидат донесени Законот за буџет и Законот за извршување на буџетот.
„За да оствари ново вработување, раководителот на институцијата ќе треба да достави изјава до Агенцијата за вработување или до Агенцијата за државни службеници во која под полна материјална и кривична одговорност ќе потврди дека во буџетот на институцијата се обезбедени средства за новото вработување,
вели Бесими.
Со ова, според министерот за финансии, се поедноставува постапката за процесот на вработување во јавниот сектор, а контрола на процесот на вработувањето ќе бидат финансискиот план и прегледот за вработувања кои претходно секоја година ќе ги одобрува Владата.
Со измените на Законот за буџет, кои стапуваат на сила на почетокот на следната година, сите министерства, јавни претпријатија, јавно-приватни субјекти и сите друштва што се во државна сопственост, ќе може да вработуваат без да добијат согласност од Министерството за финансии.
Според министерот, со ова решение се децентрализира вработувањето во администрацијата.
Новиот закон ги укинувања барањата за согласност за вработување кои одеа во неколку чекори: согласност за Годишен план од Министерството за финансии, Министерството за информатичко општество или Политички систем, известување од Министерството за финансии за обезбедени финансиски средства, за на крајот институцијата да може да објави оглас.
Бесими тврди дека ова ќе доведе до индивидуална одговорност кај раководните лица бидејќи ако ги злоупотребат буџетите на институциите ќе одговараат кривично.