По долго боледување, денеска во Скопје почина Јасмина Спасовска, долгогодишен новинар во областа на културата.
Спасовска работеше како новинар во ТВ 24 вести, а претходно беше дел и од новинарската екипа на А1 телевизија.
„Во својата новинарска кариера, Спасовска покриваше теми кои имаа за цел приближување на сите значајни културни, уметнички и општествени настани, не само до стручната јавност, уметниците и сите културни дејци во нашата земја, туку и на љубителите на културата и на општиот ТВ-аудиториум“,
информира Здружението на новинари на Македонија.
Спасовска ќе остане запаметена и по нејзините сеопфатни и исцрпни интервјуа со видни јавни личности од областа на македонската култура, како и дебатите за афирмација на културата.