Коментарот на Сандерс, еден од најистакнатите демократски прогресивни политичари, дојде откако Трамп остро го критикуваше својот украински колега Володимир Зеленски нарекувајќи го „диктатор“
Американскиот сенатор Берни Сандерс ги обвини претседателот Доналд Трамп и неговите сојузници дека се на страната на рускиот претседател Владимир Путин, предупредувајќи дека таквиот сојуз ги загрозува демократските вредности и меѓународните сојузи.
„Трамп и неговите американски олигарси сега отворено се усогласуваат со Путин и неговите руски олигарси. Овој сојуз меѓу Путин и Трамп значи напуштање на нашите сојузници, поддршка на авторитаризмот и поткопување на нашата демократска традиција“,
рече Сандерс во објава на социјалната мрежа Икс.
We are witnessing a very sad moment in American history.
— Bernie Sanders (@SenSanders) February 20, 2025
The President of the United States is aligning himself with the dictator of Russia, Vladimir Putin, to undermine the independence of Ukraine and its democracy.
Here are my thoughts: pic.twitter.com/mfogfnQxSK
„Трамп застана на страната на еден од најбруталните диктатори во светот, ја загрози независноста на Украина и ги напушти нашите повеќедецениски европски сојузници. Ова е тажен ден во американската историја“,
додаде тој.
Кавга меѓу Трамп и Зеленски
Коментарот на Сандерс, еден од најистакнатите демократски прогресивни политичари, дојде откако Трамп остро го критикуваше својот украински колега Володимир Зеленски нарекувајќи го „диктатор“.
„Неизбраниот диктатор Зеленски подобро да побрза, или нема да остане ништо од неговата земја. Во меѓувреме, ние успешно преговараме за крај на војната со Русија, нешто што сите признаваат дека само администрацијата на Трамп може да го направи“,
напиша Трамп на неговата социјална мрежа Трут сошал.
Зеленски му одговори на Трамп дека живее во „простор на дезинформации“, велејќи дека се надева оти тимот на Трамп подобро ќе ја разбере „вистината за Украина“.