Еуросупер БС-95 од полноќ ќе се продава за 86,5 денари за литар, а Еуросупер БС-98 за 88,5 денари што е зголемување од 1,5 денари за литар споредено со сè уште актуелната цена. Еуродизелот, исто така, поскапува за 1,5 денари за литар и од полноќ ќе чини 81 денар. За 1,5 денари за литар расте и цената на екстра лесното масло за домаќинство – новата цена е 80,5 денари.

Ова е резултат на новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија со која малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 1,8 % во однос на одлуката од 7 август 2023 г.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,080 %, велат од Регулаторна.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,801 ден/кг и сега ќе изнесува 46,592 ден/кг.
Сумирано, од 15.8.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 86,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 88,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 81,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 80,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 46,592 (денари/килограм)
Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, потсетуваат од Регулаторната комисија.