Новата цена на БС-95 ќе изнесува 76,5 денари, a БС-98 ќе се продава за 78,5 денари
Регулаторната комисија за енергетика најави намалување на цените на горивата од полноќ.
Цената на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се намалува за половина денар по литар.
Новата цена на еуросупер БС-95 ќе изнесува 76,5 денари, а еуросупер БС-98 ќе се продава за 78,5 денари.
За половина денар за литар се намалува и цената на екстра лесното масло за домаќинство и ќе се продава по нова цена од 68,5 денари. Од полноќ, за 0,390 денари по килограм поевтинува и мазутот и ќе се продава по 44,780 денари.