Новата малопродажна цена на еуросупер БС-95 ќе изнесува 77,5 денари за литар, еуросупер БС-98 ќе се продава за 79,5 денари, еуродизел (Д-Е V) за 69,5, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 69 денари за литар. Промена единствено нема во малопродажната цена на мазутот М-1 НC, која останува 46,29 денари за килограм
Од ноќеска на полноќ бензините и дизелот поевтинуваат за два денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката, како што информираат од Регулаторна, малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 2,12 отсто.

Новата малопродажна цена на еуросупер БС-95 ќе изнесува 77,5 денари за литар, еуросупер БС-98 ќе се продава за 79,5 денари, еуродизел (Д-Е V) за 69,5, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 69 денари за литар.
Промена единствено нема во малопродажната цена на мазутот М-1 HC, која останува 46,29 денари за килограм.
Како што информираат од РКЕ, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредна со претходната пресметка кај бензините бележат намалување во просек за 4,611 отсто, кај дизелот за 3,788 отстом кај
Како што информираат од РКЕ, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредна со претходната пресметка кај бензините бележат намалување во просек за 4,611 отсто, кај дизелот за 3,788 отсто, кај екстра лесното масло за 4,448 и кај мазутот за 1,779 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во споредба со претходната пресметка е понизок за 0,807 отсто.