Од последниот пресек на состојбата во Србија, тестирани се 33 163 лица за коронавирус, од кои 13 753 се позитивни
Белградскиот саем во март 2020 година беше претворен во ковид-болница за полесните случаи, а потоа и во најголем вакцинален центар каде доаѓаа граѓани на сите соседни земји
Заменик-градоначалникот Горан Весиќ изјави дека Белградскиот саем може во секое време да се претвори во ковид амбуланта и таму да се прегледуваат пациенти и да се отвораат боледувања, но и да им се даваат некои лекови, соопшти градската управа.
Весиќ истакна дека Градот Белград е подготвен за 24 часа да го подготви Белградскиот саем.
„Србија располага со пет различни вакцини и дека речиси 69 отсто од луѓето во Белград се вакцинирани со првата доза и се приближуваме до процентот од 40 отсто вакцинирани со третата доза, што е повеќе од 550 000 луѓе“,
изјави Весиќ.
Според официјалните податоци, уште 19 лица починале во последните 24 часа како последица на коронавирусот во Србија.
Од последниот пресек на состојбата во Србија, тестирани се 33 163 лица за коронавирус, од кои 13 753 се позитивни.
Ова е досега најголем број на заразени во еден ден. Претходниот ден со најголем број новозаболени беше 11 јануари, кога ги имаше 13 693.
На респиратори се 96 пациенти.
Белградскиот саем во март 2020 година беше претворен во ковид-болница за полесните случаи.
Подоцна тоа беше најголемиот вакцинален центар во Србија каде доаѓаа и жители на соседните земји.