Пратеничката Јелена Јериниќ од Зелено-левиот фронт, кој е дел од коалицијата „Србија против насилството“, најави жалба до Вишиот суд во врска со ова велејќи дека Градската изборна комисија на Белград на овој начин избегнува да одговори на приговорите поврзани со уредувањето на записниците за работата на изборните комисии
Градската изборна комисија на Белград го отфрли приговорот за изборите во главниот град кој го поднесе опозициската коалиција „Србија против насилството“ бидејќи наводно бил поднесен од неовластени лица.

Пратеничката Јелена Јериниќ од Зелено-левиот фронт, кој е дел од коалицијата „Србија против насилството“, најави жалба до Вишиот суд во врска со ова.
„Верувале или не, градската изборна комисија го отфрли приговорот на Србија против насилството за севкупниот извештај за изборните резултати во главниот град бидејќи Добрица Веселиновиќ и Владимир Обрадовиќ, кој е носител на листата и кандидат за градоначалник на Белград, не се овластени да го поднесат. На овој начин Комисијата избегна да одговори на приговорите поврзани со уредувањето на записниците за работата на изборните комисии што ги откривме“,
објави пратеничката Јелена Јериниќ од Зелено-левиот фронт.
Verovali ili ne: GIK odbila prigovor SPN na ukupni izveštaj o rezultatima izbora jer @dobrinacelnik i @vladaobr nisu ovlašćeni da ga podnesu.
— Jelena Jerinić (@JelenaJerinic) January 9, 2024
Stvarno, ne šalim se.@VladicaSIlic @nedavimobgd
Градската изборна комисија претходно објави дека листата на владејачката Српска напредна партија (СНС) на изборите освоила 49 мандати, а листата „Србија против насилството“ освоила 43 од вкупно 110 советнички места.
Опозициската коалиција „Србија против насилство“ не ги прифаќа резултатите и бара повторување на изборите наведувајќи дека СНС победила со изборна кражба. СНС и државниот врв на Србија ги негираат ваквите наводи.
Сомнеж за регуларноста на изборите изрази и Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР која соопшти дека изборите биле одбележани со сериозни нерегуларности, злоупотреба на јавни средства, медиумска доминација на претседателот на државата Александар Вучиќ, негативна кампања и ширење страв.
Дел од европратениците побараа независна истрага за сите пријавени нерегуларности на изборите во Србија.