Граѓаните и бизнис-заедницата во викендите без ДДВ да внимава на мерките за заштита од ковид-19, апелираше денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
„Сакам да ги повикам сите граѓани да ги почитуваат мерките во деновите кога треба да се користи мерката викенд без ДДВ, имајќи предвид дека сме во пандемија и секако дека Комисијата за заразни болести веќе ги има дефинирано протоколите како треба да работат сите бизниси во државата“,
рече Бектеши.
Тој вели дека мерката „Мој ДДВ“ не е селективна, таа важи за сите граѓани, бидејќи сите имаат можност слободно да се регистрираат на апликацијата.
Во моментов оваа апликација ја користат 330 илјади граѓани, а Бектеши очекува до 10 октомври да се зголеми на 400 илјади.
Бектеши посочи дека секој граѓанин ќе има можност да купува до 30 илјади денари, а Владата ќе им врати ДДВ во зависност од тоа колку ќе биде висината на ДДВ, односно на продуктите што граѓаните ќе ги купуваат во тие три дена.