Министерот за економија, Крешник Бектеши, вели дека граѓаните ќе имаат топлинска енергија и во ноември. Тој соопшти дека е склучен договор од страна на ЕСМ за набавка на природен гас за топланите, а за подетелни информации упати на ЕСМ.
„Склучен е договор од страна на ЕСМ за набавка на природен гас. Ќе работи дополнително и ТЕТО која ќе покрива 60-70 проценти од потребите на топлинската енергија. Пропаднаа во вода кажувањата на одредени енергетски експерти дека требаше уште пред два-три месеца да направиме договори кога цената на природниот гас беше од 3000 до 4000 евра за нормален метар кубен“,
изјави Бектеши, додавајќи дека цените по кои е направена набавката на природен гас се двојно пониски од тие што ги кажувале експертите.