Осум отсто од вработените во земјата кои се ангажирани и работат во недела имаат поголеми дневници за 50-100 отсто, порачува министерот
Се грижиме за работници, се пофали денеска министерот за економија Крешник Бектеши порачувајќи дека за 92 отсто од вработените граѓани денеска е неработен ден со законските измени со кој недела беше прогласена за „ден за неделен одмор“.
„Се грижиме. Со последната одлука недела е неработен ден! 92 отсто од вработените имаат слободно време да поминат со своите семејства. 8 отсто од вработените кои се ангажирани во недела имаат поголеми дневници за 50-100 отсто. Трудот на работниците мора да се почитува и соодветно да се вреднува Секој работник има право на одмор и неделата да ја помине со семејството. Семејството пред сè“,
порачува Бектеши со фотографија од неговото семејство.

Законските измени за недела неработен ден стапија во сила на 1 јануари годинава, откако претходно пратениците во Собранието ги изгласаа законските измени на 20 декември 2021.
