Осомничените, како што посочуваат од Обвинителството, се повеќекратни сторители на кривични дела, а едниот од нив во моментот на извршување на кражбата во обложувачницата бил во бегство, односно по завршување на домашното отсуство не се вратил во затворот „Идризово“, каде што издржувал казна
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје покрена истрага и побара притвор за три лица кои се сомничат дека ограбиле спортска обложувачница во Општина Шуто Оризари.
„За трите лица постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело разбојништво според член 237 став 4 во врска со став 1 и член 22 од Кривичниот законик“,
се вели во соопштението на Јавното обвинителство.

Тројцата осомничени, на возраст од 35, 36 и 33 години, вечерта на 5 декември заедно влегле во обложувачница на улица „Индира Ганди” во Шуто Оризари и со употреба на сила и закана со пиштол кон вработената ги одзеле парите од дневниот промет – околу 82 000 денари, по што побегнале од местото.
Осомничените, како што посочуваат од Обвинителството, се повеќекратни сторители на кривични дела, а едниот од нив во моментот на извршување на кражбата во обложувачницата бил во бегство, односно по завршување на домашното отсуство не се вратил во затворот „Идризово“, каде што издржувал казна.