Академик Абдулменаф Беџети предупредува дека нивото на јавниот долг до крајот на годинава може да достигне до 64 отсто од БДП што, според него, ќе почне да станува неодржливо за капацитетот на нашата економија.
Ние имаме и одредени студии, истражувања – и емпириски и економетриски, кои на еден или друг начин го искажуваат нивото на јавен долг кое може да биде оптимум, во случајот на Македонија тоа е 50 до 52 отсто од БДП, вели Беџети, гостувајќи во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат, на тема: новиот пакет антикризни мерки од Владата.
„Во меѓувреме, ние сега сме на 60, или 61, или 59 отсто, како и да е. На крајот на годината ќе стигнеме на 63-64%, со оваа динамика. И мислам дека ова ќе биде доста неодржливо за капацитетот што го имаме. Ние веќе немаме фискален простор доколку не се заменат приходите од намалувањето на неформалноста во економијата. Што значи дека сивата економија треба да се сузбие и затоа не може да направиме измени на краток временски период, бидејќи толку имаме капацитет, значи потребно е дисциплинирање парекселанс на даночните обврзници до крајноста на нивната одговорност за условите, како што сме, за да бидеме редовни плаќачи на данок за да можеме да собереме повеќе приходи“,
нагласи Беџети.
Според Беџети, дефицитот, речиси извесно, нема да остане на проектираното ниво и затоа ќе бидат потребни нови задолжувања, со што ќе порасне јавниот долг.
*Повеќе вести од вечерашното издание на „360 степени“:
Беџети за антикризните мерки: Владата да ги следи трендовите и да реагира на дневно ниво
Петрески: Владините антикризни мерки се релативно навремени и со коректен опфат