„Од болницата во Куманово било пријавено дека кај нив било донесено 14-месечно дете од Куманово кое било затруено од средство за чистење“, соопштија од МВР, додавајќи дека се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои дошло до инцидентот
Четиринаесетмесечно бебе од Куманово е хоспитализирано во кумановската болница откако дошло во контакт со средство за чистење. Бебето било донесено во болница вчеравечер околу 20 часот.

„На 10.06.2026 година во 20:14 часот во СВР Куманово, од Општата болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено 14-месечно дете од Куманово кое било затруено од средство за чистење“,
соопштија од МВР.
По пријавата, полициски службеници извршиле службен разговор со мајката на детето, а увид на местото направила увидна екипа од СВР Куманово. Од МВР додаваат дека надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои дошло до инцидентот.
