Нури Бајрами, заменик-претседател на ДКСК, во дебата на „360 Степени“ одговараше на прашање за тоа зошто секоја пријава која комисијата ја добива мора да се третира на таков начин, со јавно разгледување на седница, што изгледа како двојно архивирање на предметите, и зошто не може да се направи предподготовка, па на седницата да се разгледува дали навистина има случај за кој треба да се отвори предмет, или нема па предметот се затвора.
Бајрами рече дека комисијата е се уште на почеток и сите членови учат, а дополнително се нашле во време на изборна кампања и вакум период со стари подзаконски акти.
– За тоа што ние во моментов го имплементираме од тоа што е натрупано, се повикуваме на начелото што седниците се јавни и се треба да се отвора на седница и треба да се затвора на седница. Значи, за разлика од другите органи што водат управна постапка, ние и другите институции кои не се должни да носат одлуки, ние мора да носиме одлука којашто треба да е издржана правно. И затоа, тие предмети што се наводи или тие кои се јавно обелоденети ние ги отвораме и не би требало пред време да прејудицираме кај другите што бараме. Мора да се отвори на седница, да се направи службена белешка и да се анализира што да се бара. Дали во наредниот период ќе направиме таква управна подготовка што држи… ние мора да градиме став, бидејќи сме колективно тело кое одлучува… ќе видиме, за да не се претвориме во атракција, секој да достави било што, што во моментот не сме можеле да го провериме – рече Бајрами.