Говорејќи во оваа насока, американскиот претседател го повика Конгресот да направи компромис и да го усвои новиот дополнителен пакет финансиска помош за Киев. Оцени дека доколку Конгресот не го усвои пакетот помош за Украина, ќе му го даде „најголемиот божиќен подарок“ на рускиот претседател Владимир Путин
Ќе продолжиме да ја снабдуваме Украина со оружје и опрема сè додека можеме, рече американскиот претседател Џо Бајден на зедничката прес-конференција во Вашингтон со својот украински колега Володимир Зеленски. Сепак, додаде дека е потребно дополнително финансирање за САД да може да ја продолжат поддршката за Украина.
„Без дополнително финансирање, ние брзо доаѓаме до крајот на нашата способност да ѝ помогнеме на Украина да одговори на итните оперативни барања што ги има. Путин се залага за неуспехот на САД да испорачаат дополнителна помош за Украина. Мораме, мораме, мораме да му докажеме дека не е во право“,
рече Бајден и додаде дека негодувањето на републиканците за испорака на финансиската помош за Киев е во рацете на Русија.

Говорејќи во оваа насока, Бајден го повика американскиот Конгрес да направи компромис и да го усвои новиот дополнителен пакет финансиска помош за Киев. Оцени дека доколку Конгресот не го усвои пакетот помош за Украина, ќе му го даде „најголемиот божиќен подарок“ на рускиот претседател Владимир Путин.
Од заедничката прес-конференција украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека му е мило што добил покана да дојде во Вашингтон, за да му пренесе на Бајден што постигнала неговата земја во борбата против Русија.
„Ние веќе постигнавме значителен напредок. Покажавме дека нашето партнерство е посилно од секое руско непријателство“, рече Зеленски, додавајќи дека Украина ослободила 50 отсто од териториите што Русија ги окупираше. Украинските војници ја бранат слободата речиси две години и благодарение на успехот на Украина во одбраната, другите европски нации се безбедни од руската агресија за разлика од минатото. Стоиме цврсто, без разлика што се обидува Путин. Тој не извојува ниту една победа“,
додаде украинскиот претседател.
Ова е трета посета на Зеленски на Вашингтон од почетокот на руската ивазија, која тој ја искористи за средби со преставници на американскиот Конгрес со цел да се обиде да ја обезбеди нивната поддршка за дополнителна финансиска помош за Киев во износ од 61,4 милијарди долари.
Пред средбата со претседателот на САД, Зеленски се сретна со претседателот на Претставничкиот дом, републиканецот Мајк Џонсон, кој по средбата со украинскиот претседател изјави дека администрацијата на Бајден мора да даде повеќе детали за тоа како ќе се трошат американските пари.
„Администрацијата на Бајден бара милијарди дополнителни долари без соодветен надзор, без јасна стратегија за победа и без да одговори на прашањата за кои мислам дека се заинтересирани многу Американци“,
рече Џонсон по средбата со Зеленски.