Американскиот претседател рече дека САД ќе одговорат доколку Путин употреби хемиско оружје, но додаде дека одговорот ќе зависи од ситуацијата
Лидерите на Г-7, исто така, ја предупредија Русија да не користи биолошко, хемиско или нуклеарно оружје во војната со Украина
Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска во Брисел, по повод потенцијалната руска употреба на хемиско оружје во Украина, дека природата на одговорот ќе зависи од природата на употребата на тоа оружје.
Зборувајќи дали тоа ќе предизвика директна интервенција на НАТО во Украина, Бајден рече дека тоа „ќе го предизвика истиот одговор.
Бајден рече и дека членките на НАТО покажале единство за воената помош за Украина, за воведувањето санкции кон Русија и Путин поради инвазијата, како и за зајакнувањето на источните граници на НАТО.
Оцени и дека Русија треба да биде отстранета од групата Г-20 на најразвиени земји и економии.
„Мојот одговор е да“, рече тој на прашањето дали Русија треба да биде исклучена од Г-20“,
пренесува Ројтерс.
Многу бегалци сакаат да останат во Европа, но САД прифатија 100.000 бегалци, додаде тој.
На прес-конференција по самитот Г-7, Бајден најави и нови санкции за повеќе од 400 субјекти.
„Повеќе од 300 членови на Думата и олигарси кои ја започнуваат руската воена машина ќе бидат санкционирани“,
рече Бајден.
Американскиот претседател оцени дека Кина разбира оти нејзината економска иднина е поблиску до Западот отколку до Русија, откако го предупреди Пекинг дека може да се соочи со последиците од помошта на Москва во војната со Украина.„Не се заканив, но јасно му кажав, за да ги разбере последиците од помагањето на Русија“, рече Бајден.
Лидерите на Г-7, исто така, ја предупредија Русија да не користи биолошко, хемиско или нуклеарно оружје во војната со Украина.
На средбата во Брисел беше потврдено дека сите земји-членки на Г-7 се подготвени да прифатат бегалци од Украина.
Што се однесува до енергетиката, лидерите ги повикаа земјите-производители на нафта и гас да се однесуваат одговорно и да го зголемат снабдувањето на меѓународните пазари, алудирајќи на ОПЕК. Претставниците на Г-7 истакнаа и дека ќе избегнат забрана за извоз на храна