Новоизбраниот претседател на САД Џозеф Бајден возврати на честитките што премиерот Зоран Заев му ги упати по повод изборот.
Бајден, во свое име и во име на потпретседателката Камала Харис, покрај благодарност за честитките, истакнува дека очекува интензивна соработка помеѓу него и премиерот Заев на овие и на други прашања од интерес на двете земји и двата народа, соопштија од владината прес служба.
Во писмото од Бајден до Заев уште се истакнува дека тој стапува на должност во услови на исклучително сериозни глобални предизвици – од коронавирусот до климатските промени – кои ги надминуваат државните граници и за кои е неопходна меѓународна соработка.
Бајден ќе ја преземе функцијата претседател на САД на 20 јануари, по официјалната инагурација.
