Во меѓувреме, како што пренесе Си-ен-ен, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху призна дека тој и американскиот претседател не се согласуваат околу тоа што треба да се случи со Газа по војната, но изрази надеж дека ќе се постигне договор по однос на тоа прашање
Американскиот претседател Џо Бајден го предупреди израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека Израел ја губи меѓународната поддршка со своето неселективно бомбардирање во Појасот Газа и кампања која ја води против Хамас. Ја критикуваше владата на Нетанхају, нарекувајќи ја најконзервативна во историјата на Израел, притоа посочувајќи на екстремно десничарскиот политичар и министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир.
„Мислам дека Нетанјаху треба да ја промени својата влада. Неговата влада многу ги отежнува работите“,
рече американскиот претседател.

Тој предупреди дека поддршката за воената кампања на Израел се намалува поради силното бомбардирање на Газа и оцени дека за разлика од Вашингтон, израелската влада не сака решение со две држави.
Американскиот претседател го изјави ова пред патувањето на неговиот советник за национална безбедност Џејк Саливан во Израел, каде што ќе се сретне со тамошниот воен кабинет.
Во меѓувреме, како што пренесува Си-ен-ен, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху призна дека тој и американскиот претседател не се согласуваат околу тоа што треба да се случи со Газа по војната, но изрази надеж дека ќе се постигне договор по однос на тоа прашање.