Во меѓувреме кабинетот на Зеленски објави дека украинскиот претседател ќе пристигне во САД на 11 декември и ќе се сретне со американскиот претседател за време на работната посета која ќе опфати низа состаноци и разговори
Американскиот претседател Џо Бајден го покани својот украински колега Володимир Зеленски на средба во Белата куќа на 12 декември. Средбата, како што соопшти Вашингтон, има за цел да ја нагласи непоколебливата посветеност на САД за поддршка на украинскиот народ во одбраната од бруталната руска инвазија.

„Додека Русија ги засилува нападите со ракетни и беспилотни летала, лидерите ќе разговараат за итните потреби на Украина и за виталната важност од континуираната поддршка од САД во овој критичен момент“,
рече портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.
Во меѓувреме кабинетот на Зеленски објави дека украинскиот претседател ќе пристигне во Вашингтон на 11 декември и ќе се сретне со Бајден за време на работната посета која ќе опфати низа состаноци и разговори.
Клучните теми на посетата, како што наведуваат од кабинетот на Зеленски, ќе бидат одбранбената соработка меѓу САД и Украина, особено во заедничките проекти за производство на оружје и системи за противвоздушна одбрана, како и координација на напорите на двете земји за наредната година.