Во соопштението објавено на веб-страната на Белата куќа пишува дека Бајден на Јулија Навални и соопштил дека неговата администрација веднаш ќе објави нови големи санкции против Русија како одговор на смртта на Алексеј, руската репресија и агресија и нејзината брутална и незаконска војна во Украина
Американскиот претседател Џо Бајден одржал приватен состанок со вдовицата Јулија и ќерката Даша на Алексеј Навални, рускиот опозициски лидер кој минатата недела почина во арктичкиот затвор.
По средбата со Јулија и Даша Навални во Калифорнија, американскиот претседател на својот профил на социјалната мрежа Икс напиша дека наследството на храброста на Навални ќе продолжи да живее во нив.
Today, I met with Yulia and Dasha Navalnaya – Aleksey Navalny's loved ones – to express my condolences for their devastating loss.
— President Biden (@POTUS) February 22, 2024
Aleksey's legacy of courage will live on in Yulia and Dasha, and the countless people across Russia fighting for democracy and human rights. pic.twitter.com/aiCcgTrws3
Во соопштението објавено на веб-страната на Белата куќа пишува дека Бајден на Јулија Навални и соопштил дека неговата администрација веднаш ќе објави нови големи санкции против Русија како одговор на смртта на Алексеј, руската репресија и агресија и нејзината брутална и незаконска војна во Украина.
„Претседателот се состана со Јулија и Даша Навални за да го изрази своето искрено сочувство за нивната страшна загуба по смртта на Алексеј Навални во рускиот затвор. Претседателот го изрази своето восхитување за извонредната храброст на Алексеј Навални и неговото наследство во борбата против корупцијата, за слободна и демократска Русија во која владеењето на правото важи подеднакво за сите. Претседателот истакна дека наследството на Алексеј ќе продолжи преку луѓето низ Русија и ширум светот кои жалат за неговата загуба и се борат за слобода, демократија и човекови права“,
пишува во соопштението.
По повод смртта на Навални, затворската служаба соопоштила дека тој ненадејно починал додека бил излезен на прошетка во затворот.
Но, неговата сопруга верува дека рускиот претседател ја наредил смртта на нејзиниот сопруг.
Неколку светски лидери директно го обвинија Владимир Путин за смртта на Навални.
Состанокот меѓу Бајден и вдовицата на навални се случила во време кога САД се подготвуваа да објават нови санкции против Русија.
Фотографиите објавени од Белата куќа го прикажуваат Бајден како ја прегрнува Јулија.
Потоа, тој им рече на новинарите дека преку Јулија, Алексеј ја продолжува борбата.
Европската Унија објави дека го поканила рускиот претставник во ЕУ на разговор во Брисел поради смртта на најистакнатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални во затворот во Сибир.