Партијата на Јанко Бачев, Единствена Македонија, Јове Кекеновски од ФРОДЕМ и Родољубното здружение Тврдокорни ќе настапат на изборите на 12 април 2020 во коалиција наречена „Никогаш Северна, само Македонија“. Во коалицијата се и Демократска Фракција на ВМРО, Унија на ветерани на ВМРО 1990 и Заедница на македонските друштва од Швајцарија.
Договорот за коалицијата беше потпишан денеска.
Дел од овие политички субјекти водеа кампања и за бојкот на референдумот во земјава кој се одржа 2018.
Пред да влезе во оваа коалиција, Бачев пред десетина дена објави и јавен повик до ВМРО-ДПМНЕ, но од оваа партија не одговорија на повикот.