Со Унгарија и Чешка како земја од ЕУ би можела да почне да ја користи руската вакцина „Спутник Ви“ и покрај тоа што се уште не е одобрена од европското регулаторно тело.
Чешкиот премиер Андреј Бабиш денеска изјави дека може да започне со употреба на руската вакцина и без одобрение од Агенцијата за лекови на Европската унија (ЕМА). Тој претходно, на 10 февруари, рече дека Чесите ќе почекаат одобрување од ЕМА пред да започнат да ја користат вакцината, а сегашната неговата изјава дека не може да се чека доаѓа откако ситуацијата во земјава се влоши последните неколку недели поради брзото ширење на новите мутации на коронавирусот.
Бабиш смета дека е доволна дозвола од чешкото регулаторно тело за лекови, кое ако ја одбори ќе може да се започне со вакцинацијата со „Спутник Ви“.
Тој укажа дека слична ситуација има во Унгарија која покрај руската ја набави и кинеската вакцина на „Синофарм“, иако ниту една не е одобрена од ЕМА.
Токму унгарскиот премиер, Виктор Орбан, денеска објави дека се вакцинирал со кинеската вакцина.